За нас

Ние, во Меда-3 посветени сме на професионално, квалитетно и ефикасно извршување на сите процеси при производство и монтирање на пластични и алуминиумски прозорци и врати, и монтажа на стакло.

Краток историјат

Меда-3 своите скромни почетоци ги лоцира во 1992 година, кога како семеен бизнис започна со работа компанијата „Универзал – Кристал“. Со својата посветеност и професионалност, во следните неколку години Меда-3 прерасна во регионален лидер во својата област. Потврда за успешноста на нашата компанија се и меѓународните сертификати за квалитет, како и соработката со врвни домашни и меѓународни партнери и клиенти од различни профили.

На Меда-3 ѝ се доделени сертификатите за квалитет на производство на алуминиум ISO 9650, и производство на стакло DIN ISO 9001. Партнери во успешноста на Меда-3 се германскиот производител VEKA, и познатиот производител на стакла „Мантара“ од Бугарија. Севкупната производна програма Меда-3 ја изработува според димензии на клиентот.

Како следен чекор во нашата успешна кариера е изградбата на новиот магацински простор за купопродажба на стакло и профили на големо на површина од 3000 m2, покрај двете веќепостоечки работилници во населбата Дреновец.

За нашите клиенти и партнери

Ние, во Меда-3 имаме различни профили на клиенти и партнери.

Како наши клиенти во текот на нашето постоење може да се набројат голем број на приватни лица, компании и претпријатија, државни и меѓународни институции, како и училишта и универзититети.

Во соработка со USAID, успешно ја завршивме соработката со Министерството за Образование и Наука на Република Македонија, при реновирањето на неколку основни училишта низ Републиката.

Државниот Универзитет во Тетово е исто така еден од нашите клиенти.

Како наши клиенти се јавуваат и приватни лица, за изградба на комерцијални објекти, како станови, куќи и викендици, и форми и компании, за изградба на згради и деловно-стамбени објекти.